Претседатело на Собранието, Талат Џафери, смета дека со претстојните претседателски избори, не треба да има и предвремени парламентарни избори.
Јас сум претседател на Собранието и не правам калкулации за парламентарни избори. Ако пратениците одлучат да поднесат предлог за самораспуштање тоа е друго прашање. Во контекст, инаку сметам дека погрешна е идејата во оваа ситуација, кога сите очекуваме да ги започнеме процедурите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, да размислуваме за предвремени избори. Институциите ќе престанат да работат – порача Џафери.
Велигден ги помести претседателските избори