Џафери нема проблем со поништувањето на лустрацијата

106

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека „нема проблем“ со законот за поништување на лустрацијата. Блокадите во Собранието што се случуваат поради одредени законски решенија, како ова за поништување на лустрацијата, според првиот парламентарец се поради извесноста од предвремените парламентарни избори и оти тоа е се во рамки на кампања.

– Ниту сум го гледал материјалниот дел, ниту пак е моја надлежност да го гледам материјалниот дел. Тоа е работа на Собранието, што ќе одлучи Собранието тоа е и моја одлука. Јас како пратеник сум го поддржал законот за лустрација, не сум имал проблем со тој закон, ниту пак имам проблем со новиот закон. Во тој контекст посебен коментар не би требало – рече денеска Џафери.

За можноста законот за поништување на лустрацијата да предизвика уште една блокада во Собранието и за тоа како ќе се справи со тоа тој вели дека неговиот план е Собранието да се самораспушти на 12 февруари, а до тогаш е избор на самите пратеници и пратеничките групи што и како ќе прават.

– Извесно е дека одиме на избори и тоа е се во рамки на кампања – рече Џафери.

За законите за одбрана и за јавнообвинителска дејност, вели ќе можат да се донесат доколку се собере двотретинско мнозинство во Собранието

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...