Џафери: Немам услов, ниту основа да го поканам Мицкоски во Собранието

811

Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека нема ниту законска, ниту деловничка основа да го покани Христијан Мицкоски, лидерот на BMРО – ДПНЕ  да се обрати пред пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ, како што објавивме претходно, денеска испратила барање до Собранието во кое бара Мицкоски да зборува пред пратениците за предложените уставни измени.

Пратеникот Драган Данев пак, образложи дека со оглед на сензитивноста и актуелната политичка ситуација, треба да се најде начин и лидерот Мицкоски да се обрати пред народните избраници, затоа што таква пракса имало и претходно во законодавниот дом.

Тој потести дека во времето на студентските демонстрации против законот за Педагошкиот факултет, во Собранието свое обраќање имаше студентскиот лидер Филип Петровски и му препорача на Џафери да најде начин и да излезе во пресрет на барањето на партијата.

Џафери уште еднаш повтори дека нема деловничка можност за говор на опозицискиот лидер во парламентот.

– Тоа не е до мојата волја. Нема услов и по кој основ да го поканам Христијан Мицковски да учествува во работата. Јас не сум добил барање од никого – одговори Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...