Некои пратениците се обземени со камерите кога ќе излезат на говорница, па се губат и не знаат што зборуваат. Вака претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги искоментира дел од дискусиите на пратениците за избор на новите министри.
– Ги обзема камерата и се губат, им зборуваш, ама не слушаат, па мора да ги исклучам – рече Џафери.
Собранискиот спикер вчера го исклучи микрофонот кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев го спомена Курто Дудуш од говорницата. Џафери му рече на Ѓорчев дека Дудуш не е на дневен ред, па го исклучи микрофонот.