Џафери на чело на комисијата за помирување, се чека ставот на ВМРО-ДПМНЕ

454

Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за
помирување што би се формирала по иницијативата на осумтемина пратеници, но
ќе се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е еден од заклучоците на денешната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.

Во Собранието се очекува и информација дали осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ ќе формираат пратеничка група односно какво ќе биде нивното натамошно дејствување во Парламентот. Според собраниски извори, осумтемината пратеници имаат средба по која ќе биде соопштено како ќе функционираат во Собранието. Засега до Кабинетот на претседателот на Собранието нема пристигнато известување за нова пратеничка група.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...