Џафери: Лага е дека по налог на Бејли се држат тројца пратеници под клуч во Собранието

1214

Претседателот на Собранието Талат Џафери најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието, соопшти кабинетот на Џафери.

– Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно. 75-та седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница, велат од кабинетот на претседателот на Собранието.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...