Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им се закани на пратениците дека ќе ги смени ако не доаѓаат на пленарните седници. Џафери се налуту откако час и половина му требаше да ги натера пратениците да влезат во собраниската сала за да може да почне Собранието со работа.
Претседателот на Собранието ги искара пратениците дека пред само три дена го донеле Етичкиот кодекс со кој самите се обврзале дека во парламентот ќе се однесуваат професионално и одговорно.
Џафери им укажа на пратениците дека прва и единствена обврска им е да доаѓаат на седници и дека сите други обврски ќе си ги извршуваат по заседаниети на парламентот.
– Дали ви размислувате што правите или не? Изјаснете се ако не сакате да бидете пратеници имате пратенички групи, дајте оставка, има други пратеници кои ќе сакаат да седнат. Рзаберете еднаш, која е озбилноста на работата- рече Џафери.