Џафери: Здружението може да кажува што сака за изборот на претседател на Собранието

598

Претседателот на Собранието Талат Џафери по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со неговиот избор на 27 април 2017 година, по поднесена кривична пријава од битолско здружение на граѓани, рече дека  здружението може да кажува што сака.

Претседателот Џафери рече дека како граѓанин се јавил на поканата да даде исказ.

– Јас како граѓанинот Талат Џафери се јавив на поканата да дадам исказ. Тоа здружение не е во опсегот на моите размислувања -изјави Џафери.

Здружението на граѓани од Битола поднесе кривична пријава за изборот на претседател на Собранието на 27 април лани, со образложение дека е противуставен.

Освен претседателот на Собранието, на распит во Обвинителството се и пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...