По жестоката раправа во парламентот за реконструкцијата на Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери за да ги смири страстите, објасни зошто не дозволил реплики на опозицијата на образложението на премиерот Зоран Заев.
– Изгубивме три часа оти прво се договоривме едно, а потао излезе друго. Зборувам како претседател на Собрание а не од чајџилница. Никогаш досега немало реплики на образложение на премиерот за реконструкција на Влада – рече Џафери.