Џафери за џабе ги викна пратениците, ноќеска не му го зедоа имунитетот на Вељаноски

1682

Собранието не гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Собраниска седница на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна нешто по 21 часот, по два часа, на полноќ, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски побара да се обрати, по што Џафери му даде збор и до тој момент истече рокот во кој требаше да се гласа за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...