Џафери: Законите само со мој потпис ќе бидат испратени до Службен весник

859

Доколку претседателот Ѓорге Иванов по втор пат не го потпише Указот за договорот со Грција, овој закон заедно со законот за употреба на јазиците само со мој потпис ке биде испратен до Службен весник.

Ова вечерва за телевизијата 21 го изјаво претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според Џафери,  на шефот на државата му станало пракса да, како што вели тој, го крши Уставот односно да се меша во работата на законодавната власт.

Тој откри дека дека неколку пати се обидел да оствари средба со шефот на држават, но никогаш не добил повратен одговор.

Џафери додаде дека постапката за импичмент за претседателот Иванов може да поведе секој граѓанин.

– Пропишани се соодветни процедури за сите носители на јавни фукнции кои не постапуваат согласно законите и процедурите. Сметам дека секој граѓанин може да поведе постапка за било кого. Не го делам мислењето со Иванов дека не бил инофрмиран за процесот на преговарање со Грција, зашто сите државни функционери бевме информирани, според процедурите. Тврдењето дека Грција ги постигнала своите максималистички барања е само фарса на оправдување за тоа што не постапи според пропишаното слово – вели Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...