Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден.
„На овој празничен ден, дозволете ми да Ви упатам искрени желби за добро здравје, спокој во душата и благосостојба во домот. Нека убавите празнични мисли царуваат во умот и животот, ваш и на вашите блиски и сакани. Нека духот на овој голем празник завладее во вашите души за да влее верба и надеж дека универзалните пораки на почит кон истиот, а и различниот, благодарност кон Бога, но и кон блиските, солидарност кон познатите, но и кон непознатите, љубов кон блиските, но и кон целиот човечки род, се водилки и начин на живот за сите кои живеат на оваа планета Земја. Заедно, да придонесеме за креирање на совршениот мозаик кој е цел кога ги има сите делчиња“, стои во честитката.
Џафери изразува искрени желби за весели и убави празнични денови поминати со најмилите.