После седум месеци тукасме на отворањето на соба на Клубот на пратенички, која ќе биде скромен, но значаен придонес и оддавање признание за улогата на жените политичари во Собранието на Република Македонија, рече претседателот на Собранието Талат Џафери при отворањето на Женска соба,
– Оваа современо уредена соба со симболични национални премиси, ќе биде соба во која Клубот на пратенички ќе функционира, ќе одржува состаноци, средби, ќе прима делегации и ќе се дружи. Тука се прикажани низ слики дел од активностите на нашите драги колешки, а во иднина оваа институционална меморија ќе биде збогатена со се надевам уште многу конкретни резултати од неуморната но толку важна работа на овој Клуб, кој е гласот на таканаречениот „понежен пол“, иако јас не би се согласил со таа констатација бидејќи, низ годините се докажа дека жената е движечка сила, мотор кој има визија, има сила и пред се, има желба да створи поубав свет за нашите деца и за сите следни генерации – рече Џафери.