Токму така работата на Собранието е организирана според Деловникот.Тоа е во надлежност на претседателот на Собранието, не работиме по наредба на владата, му одговори претседателот на Собранието Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека предлозите за законите за јавното обвинителство и за советот на јавни обвинители се неделовнички.
На дофрлувањата на пратеникот од вМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од место, Џафери одговори:
– Дописот е доставен од владата. Илија не дофрлувај, потоа се лутиш. Не се мешај. Мене не ми треба помош ако ми треба ќе барам. Не копам нива, туку водам седница. Водам седница според процедури. Материјалите се на веб страната на Собранието.