Џафери до Дескоска: Собранието не работи по диктат на министри!

317

„Собранието на Република Северна Македонија работи согласно деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е“, напиша претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако вчера министерката за правда Рената Дескоска изјави дека ако се постигне договор за Специјалното јавно обвинителство, ќе треба веднаш да се свика седница на Собранието.

– Јас не знам какви се размислувањата на претседателот Џафери, но можам да кажам дека она што доаѓа од Владата, е ако се постигне согласност и се договориме за Законот за Јавно обвинителство, во најскоро време тоа да биде преточено во закон и да биде ставено на седница на Собранието, зашто тоа е услов за добивање препорака од Европската комисија – изјави вчера министерката Дескоска.

Џафери вчера на брифинг со новинарите рече дека нема да закажува седници на Собранието за време на изборниот процес за тие да не се злоупотребат во правец на претседателските избори. Пред 6. мај, рече тој, нема да закаже нова седница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...