Џафери доби абер од ДУИ дека ќе води кампања „за“ референдумот за Евроатлантска Македонија

296

Парламентарната група на Демократската Унија за Интеграција денес го информира претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници во кампањата што Парламентот треба да ја води како овластен предлагач на референдумот што треба да се оддржи на 30 Септември годинава, информира ДУИ.

– Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на екзекутивната и локалната влас но и на цивилното општество, ќе води кампања „ЗА“ Преспанскиот Договот и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство, соопшти ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...