Џафери демантира дека бојкотот на изборите ќе го стави на претседателското столче

Талат со консензус е избран за претседател на Собранието и ако не се постигне цензусот нема да стане претседател на државата, само ќе му се додаде обврска повеќе со што ќе се повтори оваa постапка.

235

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги негираше гласините дека непојавувањето за време на изборната кампања има врска со тоа дека тој ќе стане претседател на државата.

– Талат со консензус е избран за претседател на Собранието и ако не се постигне цензусот нема да стане претседател на државата, само ќе му се додаде обврска повеќе со што ќе се повтори оваa постапка. Верувам дека по првиот круг сите разбраа дека идејата на Али Ахмети за консензуалноста извира од Охридскиот договор, таа е идеја која ќе овозможи изборот на граѓаните да биде тој кој што ќе не однесе напред, избор кој ќе ни овозможи институционална функционалност за да може да ги заокружиме и да ги исполниме очекувањата на нашите граѓани – изјави Џафери на вчерашниот собир за претседателските избори на ДУИ.

Тој додаде дека граѓаните одлучија со срце и душа да одат кон западот, во Европа.

– Секое друго мислење не враќа назад, не носи некаде во болната историја и никој не сака да се вратиме назад. Јас како ваш брат, претседател на Собранието, сум определен за опцијата на Западот и ова доаѓа и од нашите преродбеници кои рекле дека за нас сонцето изгрева од западот. Сите знаеме што треба да направиме на 5 мај, излегувајќи сите да гласаме за да се постигне консензусот поддржувајќи го коненсуалниот кандидат. Јас сум за тоа да продолжиме заедно напред за да имаме светла иднина во процесот кој што го започнавме и веќе 12 земји го ратификуваа протоколот за НАТО и сме во праг на отворање на преговорите со ЕУ – рече Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...