Џафери: Груевски може да си ја врати пратеничката плата со камата

425

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека на пленарната седница кога се стопираше пратеничката плата на Никола Груевски гласал воздржано, бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури.

Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да си ги врати парите и тоа со камата.

Околу одлуката која ја донесе Врховниот суд со која СЈО не може по 18 месеци од преземањето на предметите да покренува нови обвиненија и истраги, Џафери вели дека судот се вмешал во ингеренциите на Собранието.

– Врховниот суд се впушти во интерпретација на Законот за СЈО без за тоа да има надлежност. Надлежност за таква интерпретација има само Собранието или Уставниот суд. 30 години сум во политика прв пат се случува Врховен суд да се впушти во интерпретација на закон без претходна консултација со Собранието или Уставениот суд – рече Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...