Џафери го честиташе Велигден на католичките верници

Тој во честитката се заблагодарува на католичката заедница за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење.

88

Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од Католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да  го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, нашиша во честитката претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас“, напиша Џафери во честитката .

Тој во честитката се заблагодарува на католичката заедница за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...