Џафери: Господа пратеници, најадени сте, напиени сте, седете во салата ВИДЕО

2254

Иако денеска не се одржа ново продолжение на седницата за уставните измени, Собранието работеше со одржува 60. седница. Имаше и ситуации кога гласањето не беше полноважно поради немање на кворум во пленарната сала.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дури ги искара пратениците во неможност да обезбеди кворум.

– Господа пратеници, ве замолувам, најадени сте, напиени сте, да седите во сала поради кворумот – рече собранискиот спикер.

Видеото во продолжение е од Канал 5 ТВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...