Џафери: Голем дел од опозицијата ќе гласа за промени во Уставот

1110

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада, јави Слободна Европа.

Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...