Џафери: Гласав за листата, а не за баџанакот

Претседателот на Собранието тврди дека немал никакво влијание за изборот на неговиот баџанак Нури Бајрами за член на новата Антикорупциска  комисија.

516

Претседателот на Собранието, Талат Џафери тврди дека немал никакво влијание за изборот на неговиот баџанак Нури Бајрами за член на новата Антикорупциска  комисија.

На прес-конференцијата на собранискиот спикер која ја одржа по распишување на претседателските избори, тој на новинарските прашања за коментар на одлуката за изборот на Бајрами да биде еден од седумината членови на Државната комисија за борба против корупцијата, одговори со прашање:

– Како вашиот колега новинар влезе во тој состав на комисијата?

За лошите искуства со „баџанаци“ од минатото, Џафери рече дека овојпат покрај пратениците и претставниците на медиумите, невладините организации и народниот правобранител беа вклучени во изборот, а при процесот на испитување имало и претставници на МАНУ.

– Какво влијание имам јас во изборот? Јас гласав за листата, а не за поединци – рече собранискиот спикер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...