Џафери ги чека имињата од партиите за новите членови на ДИК

240

Во Собранието на Република Македонија речиси два часа се чека Кабинетот на претседателот Талат Џафери да го извести претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за одговорите од партиите за кандидатите за членови на состав на Државната изборна комисија.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата по 19 часот одржа седница на која беше утврдено дека на огласот за членови на ДИК се пријавиле 47 кандидати, кои поименично беа соопштени. Овој список потоа формално беше доставен до Џафери, кој ги известил партиите и побарал од нив да се изјаснат кои кандидати за членови на ДИК ги предлагаат.

Откако партиите ќе достават предлози до првиот парламентарец, тој треба да ја извести Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која, пак, треба да ги утврди кандидатите предложени од партиите. Потоа, исто така, вечерва како што е најавено, треба да биде свикана пленарна седница и сотавот на ДИК да биде изгласан со двотретинско мнозинство.

Привремениот состав на ДИК се избира по стариот модел со предлози на партиите, според измените на Изборниот законик што консензуално беа изгласани од парламентарните политички партии. Партиите во јавноста веќе ги соопштија кандидатите што ќе ги предложат.

На вечерашнава седница на Собранието треба да се најдат и законите за финансирање на политички партии и за техничка влада според пржинскиот модел, што беше договорено на денешната лидерска средба.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Касами не се договорија за референдумот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...