Џафери ги распиша претседателските избори

Претседателот на Собранието порача дека граѓаните се единствен легитимен авторитет кој ќе одлучи кој ќе ја добие честа и одговорноста да биде шестиот претседател на Македонија.

365

Собранискиот спикер Талат Џафери попладнево во неколку минути по 18 часот го  потпиша решението за распишување на претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

– Треба да оржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да се однесуваат според Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат тој ден да помине во свечена и деморкатски атмосфера – рече Џафери.

Претседателот на Собранието порача дека граѓаните се единствен легитимен авторитет кој ќе одлучи кој ќе ја добие честа и одговорноста да биде шестиот претседател на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...