Џафери ги покани меѓународните организации да ги мониторираат претседателските избори

67
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати покани за учество во набљудувањето на изборот за претседател на државата што ќе се одржи на 21 април 2019 година (недела), прв круг и на 5 мај 2019 година (недела), втор круг.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, покани се испратени до претседателите на Европскиот парламент, на Парламентарното собрание на НАТО, на Парламентарното собрание на Советот на Европа и до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...