Џафери албанскиот ќе го сефтоса на пратенички прашања

124

Пратеничките прашања ќе бидат првата пленарна седница на која претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го сефтоса албанскиот јазик. Ова го потврди Џафери на средба со новинарите.

Оваа можност претседателот на Собранието ја има со новиот Закон за јазиците кој веќе стапи на сила. Во однос на поставувањето на двојазични табли на зградата на Собранието, Џафери рече дека ќе се испочитува рокот од шест месеци, но ќе почека тоа да се спроведе со промената на името на државата, па да не се прават двојни трошоци.

За парламентарните избори, тој рече дека ќе чека договор меѓу партиите за да ја стави на дневен ред иницијативата за распуштање на Собранието и организирање предвремени избори, што ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. .

– Треба 61 потпис за да се распушти Собранието, треба да се обезбеди 100 дена техничка Влада пред одржување на сите избори – рече Џафери.

Според негова процена не ни требаат предвремни парламентарни избори.

За претседателските избори остануваат веќе договорените датуми за распишување на изборите. 8 февруари ќе се распишат, 21 април прв круг, 5 мај втор круг. Џафери вели дека е подготевн ако нема цензус на изборите и не се избере шеф на државата, тој да ја извршува функцијата прв човек на државата.

– Кога сум прифатил да бидам претседател на Собранието, значи сум подготвен да ги преземам сите одговорности кои ги носи функцијата, па во случај на потреба да се обави и таа функција -рече Џафери.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...