Џафери: Ако на 27 април загинеше лидер, ќе избиеше граѓанска војна

Од Собранието не евакуираа во касарната „Ѓорче Петров“. Откако се дозна дека Села е повреден, пред да одам дома, го посетив. За Шекеринска не дадоа податоци каде е, поради што не можев да ја видам, рече собранискиот спикер.

1248

Животот на сите што беа во Соранието на 27 април лани беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече собранискиот спикер Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма.

За време на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, домашни и странски, како и со претставници од партијата.

– Точно е, му се јавив на министерот за внатрешни работи да прашам што се случува, а директорот не можев да го добијам – нагласи претседателот на Собранието.

Пред отворањето на вратите во Собранието, неговата проценка била дека, ако Али Ахмети е во Парламентот, сиот гнев на граѓаните ќе биде истурен врз него имајќи го предвид минатото, 2001 година.

– Потенцијално, неговото присуство би резултирало со она што му се случи на Села. Во судска постапка се докажува дека Села го оставиле зашто мислеле дека е починат -рече Џафери.

Осврнувајќи се на случувањата тој ден, истакна дека првично почнал нападот врз СДСМ, а кога се увидело колку е сериозна ситуацијата, дека има луѓе со маски и дел вооружени, Заев им рекол на пратениците дека на претседателот на Собранието не смее да му се приближи никој, по што Џафери се повлеков назад.

– Од Собранието не евакуираа во касарната „Ѓорче Петров“. Откако се дозна дека Села е повреден, пред да одам дома, го посетив. За Шекеринска не дадоа податоци каде е, поради што не можев да ја видам – рече Џафери.

Во врска со обезбедувањето, тој нагласи дека Собранието не е самостојно во секоја смисла.

– Имаме Собрание кое зависи од општиите и заедничките работи на Владата – истакна Џафери. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...