Поп пејачот Џастин Бибер споделил со своите обожаватели на Инстаграм дека страда од неизлечива болест, односно од лајмска болест.
– Многумина зборуваат дека изгледам пропаднато, дека се дрогирам и слично, а не гледаат дека сум болен. Неодамна е откриено дека страдам од лајмска болест која се одрази на мојата кожа, мозочните функции, енергијата и целокупната здравствена состојба – навел канадскиот пејач.
Џастин деталите за својата здравствена состојба ќе ги објави на Јутјуб. Таму видеоплатформата ќе ја искористи да направи документарна серија за да видат луѓето колку тој се бори.
– Беше тешко претходните неколку години, но сега имам вистинска терапија за под контрола да ја држам оваа неизлечлива болест и ќе се вратам подобар од кога и да е – додал Џастин.
Лајмската болест е инфекција предизвикана од бактерија Borrelia burgdorferi (Bb) која ја пренесуваат заразени крлежи од родот Ixodes.
FOTO: Instagram/Printskrin