Џастин Бибер се расплака зборувајќи за Били Ајлиш, а таа му возврати ВИДЕО

Во интервју за „Apple’s Music“, канадскиот пејач се расплака зборувајќи за младата колешка.

797
ФОТО: Инстаграм

Обожавателите на тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш знаат дека Џастин Бибер ѝ е идол од детството, а сега стана јасно дека и таа нему, во најмала рака, му е мила.

Имено, во интервју за „Apple’s Music“, канадскиот пејач се расплака зборувајќи за младата колешка. Тој изјави дека сака да ја заштити бидејќи и нему му било тешко кога на нејзини години влегол во светот на музичката индустрија.

Тешко ми беше толку млад да станам дел од музичката индустрија, не знаев каде да се свртам, сите ми кажуваа дека ме сакаат и, знаете, во секунда ми го вртеа грбот“, изјави Џастин, кој неодамна отворено проговори за својата битка со депресија и анксиозност, додавајќи: „Би сакал да продолжи да ги прави работите по свое, а ако некогаш ѝ затребам, тука сум за неа“.

И Били не остана имуна на солзите на својот идол од детството, па видеоснимката од интервјуто ја сподели на својот Инстаграм-профил со серија фотографии од својата детска спална соба преполна со постери од Бибер. Го додаде и описот:

„Текот се смени.“

Џастин ѝ возврати со „Те сакам“, на што се надоврза и неговата сопруга Хејли Болдвин со емотикон срце.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...