Џака лут на ФС на Швајцарија: Oчекував поддршка по прославата на голот

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е лут на фудбалскиот Сојуз на таа земја по изјавата на државниот секретар Алекс Мишер дека проблемот со играчите со двојно државјанство треба да се реши што е можно поскоро.

882

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е лут на фудбалскиот Сојуз на таа земја по изјавата на државниот секретар Алекс Мишер дека проблемот со играчите со двојно државјанство треба да се реши што е можно поскоро.
 
Играчот на Арсенал, со албанско потекло, кој ги разочара челниците на фудбалската асоцијација со прославата на голот, беше една од причините за изјавата.

– Со ова ги разочара играчите во националниот тим и сите оние кои ќе играат во иднина. По контроверзната прослава на голот, ми кажа дека ќе стори сé за да нè заштити, очекувавме поддршка, a го добивме ова. Од неговата изјава можам да заклучам дека тој не верува во фудбалериte со двојни пасоши, а ние даваме сѐ од себе за овој дрес и сме благодарни за сето она што го направија за нас и нашите семејства – рече Џака.

Моите корени се од Косово, Емболо е од Камерун, Родригез е половина Чилеанец, половина Шпанец, Аканџи е од Нигерија, тренерот Петковиќ исто така има двојно државјанство. Изјавата на Мишер нè враќа назад во камено доба – заклучи Грант Џек.

Мишер, по изјавата, им се извини на оние што се чувствувале навредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...