Поп-пејачката Селена Гомез со години наназад боледуваше од болест на бубрезите, како последица на лупусот од кој страда, а нејзината долгогодишна пријателка Франција Раиса тогаш одлучи доброволно да ѝ го спаси животот донирајќи ѝ бубрег.
Иако оттогаш станаа дури и поблиски од порано, странските медиуми деновиве пренесуваат дека пријателките повеќе не се во толку добри односи.
Имајќи предвид дека Селена тогаш ѝ ветила на Франција дека ќе му се посвети на своето здравје, таа повторно им се вратила на старите пороци и свесно ризикува повторно да си го загрози животот.
– Селена го направи токму спротивното од она што рече дека ќе го направи кога ќе оздрави. Рече дека веќе нема да пие, а пие – навел извор близок на американската ѕвезда.
Нејзиното проблематично однесување многу ја навредило долгогодишната пријателка која наводно изјавила дека Селена со со овој чин не се почитува ни себеси, ни неа, а ни нивното пријателство, па ова пријателство завршило, иако, на некој начин, двете девојки засекогаш ќе бидат поврзани.
ФОТО: EPA/NEIL HALL
FOTO: Instagram/Printskrin