Горанчо Ангеловски Ќосето и Иван Цветановски, вработен во собраниските служби, се меѓу првите кои кажаа дека ќе поднесат барање за амнестија. Одлуката на новинарите ја соопшти нивниот адвокат, пред почетокот на денешното рочиште за „крвавиот четврток“.
Покрај нив, за амнестијата досега се изјаснија уште двајца други обвинети, Јане Ченто и Игор Југ, но тие рекоа дека нема да бараат амнестија, не ја поддржуваат и сакаат судот, а не политичките елити, да им пресудат.
Рокот од 5 дена за поднесување барање за амнестија почна да тече бидејќи законот се објави во Службен весник откако претходно го потпишал и претседателот Ѓорѓе Иванов.
По поднесување на барањето, судот има рок од 5 дена да се произнесе дали по некој обвинет го следува или не амнестија, откако претходно ќе добие мислење и од јавниот обвинител.