Уставниот суд в среда ќе ја оценува законитоста на планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред Мајчин дом, објавува Уставниот суд на својата интернет страница. Како што може да се види од прегледот на иницијативи кои се на дневен ред за разгледување Одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд в среда.
Ќе ја „сруши“ ли Уставен деветкатницата кај Мајчин дом?
loading...