Ќе формираме комисија со Албанија за заедничко управување со Охридскиот регион

72

Македонија и Албанија заеднички ќе управуваат природното и културното наследство во Охридскиот регион, соопштија од Владата.

Mинистерот Едмонд Адеми вчера во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО имал средби со средби со министерката за култура, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана и договориле да се формирано меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

„Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми оствари средба и со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија. Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион“, соопштуваат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...