Ќе следат санкции за сите кои профитираат во кризата со коронавирусот, најави Спасовски

281

Имавме заклучок и го чекаме извештајот до Владата за тоа кој и зошто во аптеките ги зголемил цените на производите. Ќе реагираме најостро, бидејќи не може во ваква криза некој да профитира на сметка на граѓаните. Институциите фунционираат и на  оние на кои профитот им е поважен во кризата со коронавирусот, ќе следат санкции за сите – одговори денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, за време на посетата на граничниот премин Табановце, каде беше заедно со министерот за здравство, Венко Филипче.

Граѓани реагираа дека некои аптеки во земјата драстично ги зголемиле цените на заштитни маски, дензифицијенси и други производи чија побарувачка е многу зголемена и кај нас, по епидемијата на новиот вирус која ја прогласи СЗО.

Спасовски им одаде признание на вработените полицајци и цариници, како и на епидемиолозите од кумановскиот Центар за јавно здравје за нивниот ангажман во новата ситуација, по мерките за заштита од коронавирусот во нашата земја.

 

2 прашање –

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...