Ќе се чека одлуката од Врховен, „ТНТ“ одложен за 4 мај

154

Во Кривичниот суд во Скопје предмалку почна и веднаш се прекина новото рочиште од предметот на СЈО „ТНТ“. Причина за новото одложување на расправата, според судијата Огнен Ставрев, е што сè уште нема одлука за изземање на судиите, побарано од одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски.

Новото рочиште е закажано за 4 мај, во 11 часот.

Прочитајте повеќе: Врховен го вратил на докомплетирање барањето за изземање на судиите во „Т.Н.Т.“

На денешниот претрес во судот беа присутни обвинетите Груевски, Јанакиески и Трајковски, како и оштетениот Фиат Цаноски.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...