Предлог – решение за формирање на комисија за спроведување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација – Платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем на Република Северна Македонија (HEMS) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (SAR), ќе биде дел од денешната седница на Владата.
Владата ќе ја разгледа и ќе донесе одлука по Предлог – уредбата за дополнување на Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, што за оваа седница ја предлага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На предлог на Министерството за правда на седницата ќе биде презентирана Информација за извештајот на ГРЕКО за петтиот круг на евалуација на Република Северна Македонија.
Министерството за образование за оваа седница ја предложи точката Предлог – програма за изменување на Програма за изградба и реконструкција на основни училишта за 2019 година.
Не денешната седница Владата на РСМ ќе го разгледа годишниот извештај за работата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија за 2018 година.
Министерството за здравство за оваа седница ја најави точката Информација за текот и прогресот на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка за оформување на хибридна мултифункционална операциона сала со изведување на потребните градежни работи и набавка на потребната медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија, Скопје.