Ќе се формира Национално координативно тело за изедначување на правата на лицата со попреченост

107

На предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата, министрите ја прифатија предлог – иницијативата за формирање „Национално координативно тело за изедначување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија“, при Владата, информира владината прес служба.

– Оваа обврска произлегува од Меѓународната Конвенција на ОН за заштита на правата на лицата со попреченост, која Република Македонија ја има ратификувано во 2011 година – велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...