Владата ја усвои Информацијата за почнување на постапката за формирање на Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.
Советот ќе биде одговорен да го следи развојот на високото образование и научно-истражувачката дејност, како и нивната усогласеност со европските и меѓународните стандарди и да поднесува извештаи со препораки и мерки до Собранието и Владата.