Ќе се формира делегација и Комитет за преговори во пристапувањето на земјата кон ЕУ

243

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна, 143-та седница донесе одлука за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија, информираа од Владата. 

На оваа седница е донесена и одлука за формирање на Секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија на главниот технички преговарач.

Во пакетот одлуки за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори, е донесена и одлука за формирање државна делегација и Комитет за преговори во пристапувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...