Агенцијата за филм додели 19 милиони денари (310.000 евра) за снимање на ТВ-серијата „Зоки Поки“, во режија на Александар Поповски, а во продукција на „Кино око“.
Ова е објавено во резултатите од конкурсот за финасирање проекти од национален интерес во филмската дејност во 2018 година.
„Зоки Поки“ е роман за деца од македонската писателка Оливера Николова. Книгата е задолжителна лектира за учениците од основните училишта.