Ќе се работи на скопските улици, утре сообраќајот пренасочен

Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7.30 до 12.30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.

324

Поради градежни зафати на повеќе локации во Град Скопје, утре сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим, соопштија од Градот.

На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара, како и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина.

Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7.30 до 12.30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...