Ќе се пренаменат 4.500 вакцини против грип, а наместо децата, ќе се боцкаат возрасните

238
EPA

Најавената донација со вакцини против грип ќе се пренамени, па на располагање на граѓаните ќе бидат уште околу 4.500 вакцини, како и уште 1.000 бесплатни дози кои беа наменети за децата.

Д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, денеска изјави дека голем процент од здравствените работници се вакцинирани, бидејќи тие по својата професионална изложеност се една од ризичните групи и имале можност да се вакцинираат со бесплатни вакцини.

– Претпоставувам дека сите не се извакцинирани токму поради тоа што беше најавена таа донација. Донацијата е само преформулирана на еден начин. Од вкупно преостанати 6.700 комерцијални вакцини, средствата од донацијата обезбедуваат пренамена на околу 4.500 вакцини. Во моментот околу 1.500 дополнителни вакцини се распределени во државата и се вакцинираат здравствените работници, дополнителни 3.000 вакцини ќе бидат исто така пренаменети и ќе можат да се наменат за оние ризични групи кои и досега имаа можност да се вакцинираат бесплатно. Околу 4.500 вакцини се на располагање и тие околу 1.000 бесплатни вакцини кои беа наменети за деца на возраст до пет години кои се уште не се потрошени можат да бидат искористени во наредниот период, додаде епидемиологот Кузмановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...