Ќе се потпишува во Преспа, но на македонска територија, доаѓа и Столтенберг?

5512

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на БЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Најверојатно денот на потпишување ќе биде недела – 17 јуни. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Сведок ќе биде медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Како што најавуваа дел од медиумите, на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Атонио Гутереш, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Катимерини“ пишува дека во Преспа ќе биде присутен и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.

НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОГОВОРОТ ВО ВРСКА СО ПОТПИШУВАЊЕТО:

Ќе потпишат во грчка, па ќе одат на ручек во македонска преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...