Ќе се поправа инсталацијата на тунелот 1 Демир Капија

Поради тоа десната сообраќајна лента во тунел 1 Демир Капија ќе биде затворена еден час.

364

Во периодот од 22 до 23 часот денеска ќе се санира дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 Демир Капија, правец Гевгелија – Скопје, информира Авто мото сојузот.

Поради тоа десната сообраќајна лента во тунел 1 Демир Капија ќе биде затворена еден час.

Во овој период на поправка на инсталацијата брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час, а  сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...