Ќе се отвораат почесни конзулати на Македонија во Турција и во Казахстан

136

Ќе се отвораат почесни конзулати на Република Македонија во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати, одлучи Владата.

За почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван г-дин Султан Мукшаев, информира владината прес служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...