Ќе се мажи српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, два дена по нејзиниот роденден

со години е во складна врска со 20 години постариот колега Младен Мијатовиќ

1040

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, на која пред неколку месеци автобус ѝ ја откина раката, со години е во складна врска со 20 години постариот колега Младен Мијатовиќ, а двојката в недела ќе се венча пред семејството и најблиските пријатели, дознава српски „Ало!“.

Како што наведува извор близок на водителката, Деа судбоносното „да“ ќе го изговори два дена по нејзиниот роденден и со спектакуларна прослава во ресторан во Белград ќе ја крунисаат љубовта.

– Деа и Младен сфатија дека нема потреба да чекаат со венчавката и пред два месеци дојдоа на идеја дека би можеле да се венчаат на роденденот на Деа. По нејзината несреќа, сфатија колку се сакаат и колку нивната љубов е вистинска и дека не постои ниту една причина да го одложуваат бракот. На Деа предлогот на Младен во врска со венчавката многу ѝ се допадна, после што почнаа до детали да организираат двојно славење, нејзиниот роденден и венчавката, како и на пријателите и семејствата да им ги соопштуваат убавите вести – раскажал изворот и открил дека Мијатовиќ не прашува колку чини, само неговата избраничка да биде среќна.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...