Ќе се доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

62
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Синдикатот ја воспоставува годишната награда, тргнувајќи од премисата дека демократско општество кон кое Македонија се стреми е можно само доколку новинарството се третира како јавно добро, како инструмент преку кој власта е под постојана контрола и преку кој се заштитува јавниот интерес, наведува самостојниот синдикат. 

ССНМ истакнува дека медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството.

Самостојниот новинарски синдикат ги повикува сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува ова признание кое сметаме дека ќе биде не само поттик за медиумот, туку и за новинарите и медиумските работници.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми – континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 7 декември, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или на Фејсбук страната на ССНМ (https://www.facebook.com/Sindikatnanovinari/).

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми – МИМ, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute oд Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост-  Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...