Ќе се договара лидерска за утревечер, Мицкоски во четврток ќе патувал

898

Премиерот Зоран Заев од денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот, што ќе следи во Република Македонија.

– Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред сѐ за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум – најави премиерот.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како што објасни Заев, во четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утревечер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...