Ќе се даваат лиценци за пресадување клетки

Со оваа одлука ќе се намалат трошоците за користење здравствени услуги на осигурените лица во странство од областа на трансплантацијата.

234

На предлог на Министерството за здравство, Владата денеска го утврди текстот на предлог-одлуките за започнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечкото тело заради лекување-хематопоетски матични клетки за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови.

Со оваа иницијатива ќе се остварат повеќе цели на Министерството за здравство како што е обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, намалување на трошоците за користење на здравствените услуги на осигурените лица во странство од областа на трансплантацијата за лекување во странство, обезбедување географска достапност на здравствените услуги, обезбедување подобри здравствени капацитети за вршење на здравствени услуги и обезбедување континуирана и квалитетна здравствена заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...